Аналитичарот Цветин Чилиманов смета дека во Македонија има влада што носи инвестиции, соработува со западните земји, прави инфраструктури проекти со кинески кредити, а тука е и примерот со гасоводот.
– Кај народот се свежи сеќавањата за дестабилизација на државата. Повторно со снимки. И во 2001 година се случи тоа, па беше обвинета ВМРО-ДПМНЕ само поради тоа што ДБК имала такви инструменти. Денес во времето на Сноуден тоа е веќе смешно – додаде тој.
Чилиманов смета дека народот е веќе уморен од тоа и сака реални проекти за подобар живот. Опозицијата, како што подвлече Чилиманов, ги слушала, преслушувала и си ги одбирала снимките што на неа ѝ одговараат.
– Заев се обидуваше да се пресмета и со локални политичари, со закани дека сега ќе објави материјали за нив, видовме дека тоа се обиде да го направи и Андреј Жерновски. Од друга страна, пак, повеќе луѓе се пофалија дека ги имаат слушано материјалите, како на пример Сашо Ордановски, кој се фалеше дека ги слушал – истакна аналитичарот Чилиманов.
Тој додаде дека со оглед на тоа што материјали е голем, кај СДСМ создава апетит дека преку ред и преку ноќ ќе дојдат на власт.
-Ова не е ништо ново за нив. Тие наместо со проекти, мислат дека со удар ќе дојдат на власт и ќе го тргнат ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се обидуваат да играат на картата- проекти, привлекување странски инвестиции – додаде Чилиманов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Повлечени 10 проекти од Годишната програма за култура
-
ВМРО-ДПМНЕ: Економските политики на Владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот
-
Ова се први избори во Македонија на кои е убиен кандидат
-
Чилиманов: На локалните ќе гласаме дали сакаме ширење на бандитизам, „Заевизам“ и „Чаушизам“