| четврток, 6 декември 2018 |

Црквата со својот имот ќе го спасува Кипар

Cyprus Financial Crisis

Поглаварот на Кипарската православна црква, архиепископот Хризостом Втори, понуди помош за спас на кипарската економија, ставајќи го црквениот имот на располагање на Владата, пишува „Јутарњи лист“.

-Целокупниот црковен имот е ставена на располагање на оваа земја за да се спречи колапсот на економијата – изјави Хризистом Втори по состанокот со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, неколку часа откако Парламентот на земјата го отфрли европскиот пакет за помош.

Црквата понуди нејзиниот имот да се стави под хипотека поради купување државни обврзници. Тој, меѓутоа, не сакаше да коментира колкав износ би можел да биде собран.

Инаку, црквата е најголен сопственик на земјиште на Кипар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top