Фудбалерите на Ренова го добија тетовското дерби против Тетекс со 2-1, на меч што локалните ривали го играа во Скопје. Во населбата Маџари во главниот град се беше решено по нешто повеќе од половина час игра.
Ренова поведе во четвртата минута со голот на Гафури, израмни Христов дваесет минути подоцна, а конечниот резултат од 2-1 го постави Скендери во 33. минута.
Ренова со 20 одиграни натпревари се зацрвсти на четвртата позиција со 32 бода, а Тетекс остана на последното место со само 6 бода.
Утре се играат останатите 4 меча од 20. рунда, а ќе играат: Хоризонт Т. – Вардар, Пелистер – Работнички, Силекс – Металург и Брегалница – Шкендија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пандев: Горд сум, овие момци можат да се носат со најсилните во лигата
-
Горан Пандев со музика и песна го прослави пласманот во првата лига на својот клуб
-
Голем инцидент во Хрватска: Маскиран хулиган влета на терен за да се пресмета со судијата (ВИДЕО)
-
Струмица се засилува со поранешните репрезентативци Брчков и Зивчевиќ