| четврток, 6 декември 2018 |

„Дивата алтернатива“ се обиде да го прошверцува Стојанче Ангелов на Радио 103-ка!

ангелов

Откако претходно се обиде апансас, ненајавено и неповикано  да се меша во уредувачката политика на Македонската радиотелевизија, генералот Стојанче Ангелов, вчеравечер се обиде на измама шверцерски да се протне во програмата на Радио 103, пишува порталот Вистина.

ангелов2

Точно е дека беше повикан  од поединци од , како што тие се нарекуваат, „дечките од радиото“ да гостува во нивната програма. Дечките и девојките кои, како што самите изјавуват:  „…им е непријатно и се срамат што работат во вакво политичко опкружување, вакви услуви и слично“, а се уште седат во истотот тоа радио на истата локација кои не им го купиле ниту родителите, ниту  некој им го подарил.

ангелов3

За приказната да биде уште поинтересна, Радио 103-ка, таканаречената алтернативна радиостаница во моментов ниту има лиценца, ниту дозвола за работа, ниту има дозвола за користење на неговата фреквенција од  „Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, единствената институција која ја регулира работата на  електронските медиуми во државата.  Тоа значи, дека дека 103-ка зрачи „на црно“, а неговата таканаречена алтернативна програмска определба не е ништо друго туку  „дива алтернатива“!

Од друга страна повеќе од  јасно е дека пипците на СОРОС-овиот октопод и тоа како длабоко навлегле во во самата 103-ка, за во името на божемната демократија и медиумските слободи, протежирајќи ја политиката на опозицијата,да  ја туркаат нивната крајна идеја -помагање во  насилното уривање на легитимно избраната власт на последните фер и демократски избори.

Како поинаку би можело да се сфати „шверцувањето на мала врата“ во  радиопрограмата на Стојанче Ангелов, истата таа програма  која ја уредува и е главна перјаница на нејзината програмска политика ќерката на „стариот опозиционер“, Ѓунер Исмаил, која,  исто така еднаш била спречена од обезбедувањето да влезе во радиото, зашто во ташната и бил најден алкохол, а не како што тоа сакаа да го прикажат опозиционите медиуми, дека била спречена да си ја врши својата професионална задача.

Инаку Ѓунер Исмаил важи за близок пријател и соработник на Љубомир Фрчковски, потенцијалниот наследник за СОРОС мастер, Сашо Орданоски,„свиркачот“ од  АЈДЕ, новинарот Зоран Бојаровски… А и самиот Исмаил, некогашен портпарол на  владата СДСМ од времето на Црвенковски, Фрчковски, Јане Миљовски, од времето на  транзицијата, криминалната приватизација, ТАТ…!

Конечно, генералот  Стојанче Ангелов, како што велат информациите  никој и не го спречил да гостува во програматана 103-ка.  Обезбедувањето на јавниот сервис само си ја вршело работата барајќи посетителите  да се легитимираат. Впрочем таква е процедурата.

Финтите од типот:„Личната карта не ми е тука, одам горе да си ја земам во јакната“  биле прифатени и водителот во придружба на телевизиското обезбедување бил испратен до студиото каде што наводно му биле документите за лична идентификација. А тоа што откако божем  влегол по личната карта и потоа наместо да се врати кај обезбедувањето да им ја приложи, ги оставил да „дремат“ пред врата, а тој си продолжил право во програма… Тоа е веќе друга работа, која во секоја нормална институција и држава се санкционира.  Генералот и водителот што го оставиле  службеникот на  „мртвата стража“,  тоа многу добро го знаат. Како и останатите „дечки од дивата алтернатива“ , кои сопствената немоќ, преку самоволие, заедно со генаралот,  сакаат да ја претворат во „случај“.

Ваквите тврдења ги потврдува и изјавата од Агенцијата за обезбедување на имот и лица „Бранител“  која има важечки договор потпишан по спроведена постапка за јавна набавка со МРТ, за 24 часовно обезбедување на објектите на Јавниот сервис.

-Ние како агенција водејќисе од професионалните стандарди за обезбедување на објекти од ваков карактер како што е МРТ, кои се пропишани и во правилникот за обезбедување, секогаш постапуваме максимално професионално и коректно со сите посетители во МРТ – велат од агенцијата и додаваат.

-Вчера по барање на еден наш вработен кој беше на смена во МРТ, побарало од лицето ке што гостувало во радио Канал 103 да покаже документ за лична идентификација, а истото одговорило  дека личната карта му е во студио. Нашиот службеник заедно со лицето се качиле во студиото на радиото. Лицето по влегувањето во студио веднаш започнало со релизација на емисијата игнорирајќи го присуството и барањето на нашиот службеник. И по 15 минути љубезно чекање, лицето не давало документ за иденѕтификација на нашиот вработен. По сето ова службеникот согласно стандардната процедура го замолил лицето да дојде со него до пријавницата за да го заведе во книгата за посетители и да си продолжи со релаизација на емисијата – се кажува во соопштението од Бранител и продолжуваат.

-Сакаме да нагласиме дека ова е стандардна процедура за сите лица кои не се вработени во МРТ, а ги користат просториите на МРТ за најразлични програмски цели. Со ова ги отфрламе  тврдењата дека сме направиле упад во радиото. Напротив, само си ја вршевме нашата професионална задача. Ги отфрламе и забелешките за некакво наводно опречување на медиумот, бидејќи нашата професионална активност и постапување  темелени на правилникот и стандардите е еднаква кон сите субјекти независно од нивната дејност  – стои во соопштението од агенцијата „Бранител“.

Што се однесува до МРТ, Канал 103 не е дел од МРТ освен што радиото е лоцирано во самиот објект, па со тоа МРТ ниту можела ниту направила упад во програмата на алтернативците. Тоа МРТ го потврдува и со свое соопштение.

-Македонската радиотелевизија најостро ги демантира тврдењата во јавноста дека направила упад во програмата на радиото Канал 103. Радиото Канал 103 емитува програма од објектот на МРТ и МРТ нема никаква формална, организациска и програмска допирна точка со истото. Оттаму уште еднаш се оградуваме од вчерашниот настан. Ниту МРТ како институција, ниту некој нејзин вработен е дел од истото случување – се вели во соопштението од МРТ.

Извор:Вистина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top