Најмалку десет турски полицајци се уапсени денеска во рамки на истрагата за незаконско прислушување на политичари, државни службеници и бизнисмени, јави Анадолија.
Обвинителството во централниот турски округ Сивас издаде наредба за апсење на вкупно 35 осомничени за незаконско прислушување. Акцијата е спроведена во 18 турски окрузи.
Според аналитичарите пперацијата е дел од борбата на турската влада против движењето на верскиот лидер Фетулах Гулен, кого претседателот Реџеп Тајип Ердоган го обвини за создавање на паралелна структура во рамките на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.