| четврток, 6 декември 2018 |

ХСП: Михајловиќ да се прогласи за персона нон грата и да му се забрани влез во Хрватска

Хрватската партија на правото, ХСП, побара од властите во земјата да му се забрани влез во Хрватска на Синиша Михајловиќ, селекторот на репрезентацијата на Србија, затоа што помагал српски терористи во војната. Спорно за нив е интервјуто за „Газета дело спорт“, во кое српскиот селектор јавно призна дека финансиски ги помагал српските војници на бојното поле во Хрватска и дека бил голем пријател со Аркан.

– Должни сме да реагираме на  интервјуто со селекторот на српската фудбалска репрезентација, Синиша Михајловиќ, кое го даде за угледниот италијански весник „Газета дело спорт“, а беше пренесено и во Хрватска преку „индекс.хр“. Очигледно е признанието на г. Михајловиќ дека направил казнени дела на територијата на Република Хрватска, за време на војната. Во согласност со тоа, бараме Синиша Михајловиќ да биде прогласен за непожелно лице во Хрватска, посебно затоа што треба да ја води селекцијата на Србија на „Максимир“ – се вели во дел од соопштението на партијата ХСП.
Во него детално се наведени и кривичните прекршоци што ги има направено Михајловиќ со помагањето на српските војници за време на војната.
Хрватска и Србија се во нашата група од квалификациите за СП во Бразил 2014 и ќе играат меѓусебе на „Максимир“ задутре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top