Дел од нашата дневна рутина обично вклучува три оброци дневно- појадок, ручек и вечера. Меѓутоа, најновите истражувања често покажуваат дека сѐ што знаеме за исхраната е погрешно, вклучувајќи ја и рутината од три оброци.
Абигејл Карол, автор на книгата, „Три квадрати: Изум на амерканскиот оброк“, наведува за тврдењата дека консумирањето на три оброци дневно е здраво, всушност немаат научна поткрепа и дека организирањето на оброците на поинаков начин би можело да биде подобро за нашето здравје.
Така на пример, верувањето дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, е втемелено благодајќи им на рекламните кампањи кои произведуваат различни видови житарки за појадок.
Меѓутоа, студијата спроведена на Универзитетот во Бат открива дека појадокот не влијае врз целокупниот внес на калории во текот на денот.
Слично истражување е направено и на Универзитетот Алабама кое открива дека консумирањето на појадокот или неговото прескокнување не влијае врз лицата кои сакаат да ослабат, пренесува Дејли Мејл.
За разлика од овие, некои други истражувања тврдат дека помалите, а почестите оброци го забрзуваат метаболизмот, а на тој начин го помагаат и слабеењето. Сепак, индивидуално треба секој да одлучи, како е најдобро за сопствениот организам.
Најновите истражувања всушност покажаа дека постот од два до четири денови секоj месец, може да биде добар за целокупното здравје, како што наведува Универзитетот Северна Калифорнија. Со тоа се поттикнува метаболизмот и регенерацијата на имуниот систем, обезбедувајќи подобра заштита на организмот од болести и различни инфекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.