Под мотото „Подобро да шеташ по планинарски патеки, отколку да се акаш по градски аптеки“, в недела во 10.05 часот ќе тргне 19. Марш на Матка, во организација на планинарскиот клуб „Видици“ и граѓанската асоцијација за рекреативно движење „Гард“, поддржани од повеќе скопски планинарски друштва и асоцијации.
Собирот на учесниците на овој традиционален рекреативен марш е пред „Манастирска пештера“, по старо „Мечкина дупка“, веднаш до манастирот „Света Богородица“.
Прва дестинација е манастирскиот комплекс „Свети Спас“, каде е предвидено закрепнување за учесниците на Маршот, а потоа следува етапата до Марков град и остатоците од црквата „Света Недела“. Црковниот одбор составен од пријатели на „Свети Спас“ подготвува планинарски ручек – гравче, салата, леб со надомест од 100 денари за покривање на трошоците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.