Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум денеска изјави дека Грците не се во право кога ја обвинуваат Германија за своите проблеми.
Изјавата на Дејселблум доаѓа откако Атина и Берлин разменија напад во врска со репарациите за нацистичката окупација на Грција во Втората светска војна и по тврдењата, што германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го отфрли, дека го навредил својот грчки колега.
– Проблемот е во тоа дека во Грција голем дел од вината за проблемите на земјата се изнесени надвор од Грција, Германија е омилена жртва за тоа во моментот – изјави Дејселблум, кој истовремено е министер за финансии на Холандија.
Изминатите години Германците вложија големи напори за помош на Грција преку евтини кредити, истакна Дејселблум пред седницата на холандската влада во Хаг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција