| четврток, 6 декември 2018 |

Комедијата „Крудс“ за старт на оваа филмска недела во „Синеплекс“

Новата филмска недела почнува со анимираната семејна комедија исполнета со возбудливи визуелни ефекти. Авантурата на првите пештерски луѓе говори за семејството и е продуцирана со вистинско срце, непосредност и искреност. „Крудс“ е насловот на оваа приказна и се однесува на истоименото праисториско пештерско семејство кое живее во безмислосен и неопростлив свет, каде што секој ден е борба за јадење и опстанок. Таткото Граг (Николас Кејџ) дома ја носи пораката за опасност и тврди дека ништо добро не може да излезе од нешто ново. Тој е постојано опседнат да го чува своето семејство на безбедно, внатре во пештерата. Наспроти неговите очекувања, ќерката Еп (Ема Стоун) поминува низ тинејџерска бунтовна фаза и копнее за забава, која ја доживува во моментот кога го сретнува Гај (Рајан Рејнолдс), кој тврди дека е крај на светот и дека мораат да стигнат до највисоката точка.

Оваа недела премиерно ќе биде прикажан и филмот „Падот на Олимп“. Станува збор за акциски трилер во кој улогите ги толкуваат актери од холивудската А-листа: Џерард Батлер, Ешли Џад, Морган Фримен, Анџела Басет. За време на терористичкиот напад на Белата куќа, поранешниот претседателски заштитник Мајк Банинг, заедно со националното обезбедување, се обидува да го спаси претседателот од киднаперите. Кога националното обезбедување потфрла, тие се принудени да се потпрат на Банинг и неговото искуство за да ја преземат контролата над Белата куќа и да го спасат претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top