| четврток, 6 декември 2018 |

Мнозинството Германци се за заминување на Грција од еврозоната

Поголем број од Германците се изјанија Грција да ја напушти еврозоната, покажуваат резултатите од анкетата на германската телевизија ЗДФ, според која 52 проценти од граѓаните на Германија ја заговараат таа опција и сметаат дека Владата во Атина е несериозна.

Тоа е за 11 проценти повеќе во споредба со анкетата од пред три недели. Само 40 проценти од Германците изјавиле дека Грција треба да остане во еврозоната. Пред три недели за останување на Грција во еврозоната се изјасниле 52 проценти од испитаниците.

Покрај недоразбирањата поврзани за финансиската поддршка на Грција за санирање на нејзините финансии, меѓу двете земји постојат и различни ставови за репарацијата од Втората светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top