Ист датум, но ново место и уште еден концерт за Влатко Стефановски.
Поради хаваријата што се случи во Универзална сала и поради нејзино затворање на неодредено време, концертот под наслов „Fire and Ice“ на Влатко Стефановски и на Вако Атанасовски со камениот гудачки оркестар на словенечката филхармонија ќе се одржи на 21 март во Дом на АРМ.
Од продукцијата „Баги“ известуваат дека поради помалиот капацитет на салата на Домот на АРМ во однос на Универзална сала и поради големиот интерес на публиката, ќе се одржат два концерта, со почеток во 19 часот и во 21 часот.
Влезниците купени за Универзална сала ќе важат за првиот концерт во Дом на АРМ со почеток во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.