Во Грција се можни нови предвремени избори или референдум бидејќи во следните месеци Владата во Атина ќе биде изложена на уште поголем притисок, прогнозира американската агенција за стратегиски истражувања „Стратфор“.
Анкетите покажуваат дека новата грчка влада останува исклучително популарна, но, исто така, и дека Грците сакаат земјата да остане во еврозоната. Но, за тоа СИРИЗА не може да ги исполни двата услова без да направи компромиси.
Во исто време, високи грчки претставници изјавија дека ќе се распише референдум на кој граѓаните ќе гласаат за иднината на Грција, ако не се постигне договор со меѓународните кредитори.
„Стратфор“ оценува дека веројатноста за референдум или за предвремени избори во Грција е поголема отколку во 2011 година, кога поранешниот премиер Јоргос Папандреу предложи референдум. СИРИЗАпобеди на изборите за да преговара за долгот на Грција, за да стави крај на економските мерки и да ја задржи земјата во еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.