Кајри Ирвинг постигна неверојатни 57 поени и го предводеше Кливленд кавалирс до победа против шампионот Сан Антонио со 128-125. Бекот на Кливленд вторпат сезонава постигна над 50 поени, а во Тексас ноќеска имаше вистинско шоу. Со две тројки во самиот финиш ја анулитра негативата од 104-110 и го одведе мечот во продолжение.
И во дополнителното време Кајри доминираше со што дојде до 57 поени, ефект што е рекорд за него, откако е во НБА лигата. Со 57 поени Ирвинг е кошаркарот што му дал најмногу кошеви на Сан Антонио на негов терен, а се израмни и со Првис Шорт, како единствените двајца играчи со најмногу поени против Мамузите, без разлика дали тие играле дома или на гости.
Леброн Џејмс забележи 31 поен, колку што имаше и Тони Паркер, најефикасниот кај Сан Антонио.
Резултати:Вашингтон – Мемфис 107-87, Јута – Хјустон 109-91, Индијана – Милвоки 109-103 (по продолжение), Сан Антонио – Кливленд 125-128 (по продолжение), ЛА лејкерс – Њујорк 94-101.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.