Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на покана од шефот на турската диоломатија Мевљут Чавушоглу, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Турција.
Како што соопшти МНР, за време на средбата двајцата министри, главни теми на дискусија ќе бидат билатералните односи меѓу Скопје и Анкара и можностите за натамошна соработка, а ќе бидат опфатени и актуелни меѓународни случувања.
За време на посетата, министерот Попоски се очекува да биде примен од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќе има средба и со членови на Парламентарната група на Големото народно собрание на Република Турција за пријателство со Собранието на Република Македонија.
Во рамки на официјалната посетата министерот Попоски ќе има обраќање во Дирекцијата на Турците во странство на „Вечерта на македонско-турско пријателство“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.