| четврток, 6 декември 2018 |

Инцест, злоставување, мајка шизофрен – како Брејвик стана монструм?

Инцестната врска со мајката можеби била капката која ја прелила чашата и го поттикнала масовниот убиец Андерс Брејвик да го изврши неверојатното злосторство што ја потресе Норвешка, се тврди во новата книга за неговиот живот. Брејвик уби 77 луѓе, главно тинејџери и рани повеќе од 300 луѓе во бомбашкиот напат што се случи во Осло. Осуден е на 21 година затвор поради злосторство за кое како што тврдеше, го извршил за да ја заштити Норвешка од муслиманите.

Но, норвешката новинарка Асна Сеиерфтад во новата книга „Приказна за Андерс Брејвик и масакрот во Норвешка“ тврди дека причина за неговата психоза е дисфункционалниот однос со неговата мајка Венче Беринг. Таа била последната личност која останала покрај него додека се повлекувал во својот свет и го планирал злосторството. Подоцна на психијатрите им опишала како нејзиниот „драг и мил“ син полека се претворал во посесивен лудак.

Норвешката новинарска тврди дека мајката го злоставувала Брејвик додека бил дете. Наводно таа боледувала од параноидна шизофренија и не умеела на синот да му овозможи сигурност, ниту утеха.

-Повремено барала од Андерс да го допира пенисот на неговиот татко затоа што сметала дека тоа е важно за сексуалноста на детео-пишува во книгата.

Мајката, како што е наведено во книгата, спиела со Андерс во ист кревет и тоа вклучувало и „блиски телесни контакти“, се наведува во психијатрискиот извештај кој бил составен за судењето. Мајката на полицајците им раскажала дека Андерс во една прилика и купил сексуално помагало за да ја утеши откако ја прекинала врската со дечкото. Истовремено, како што пренесува „Дејли мејл“, го тепала Андерс додека бил мал и знаела да говори дека би сакала да е мртов.

Мајката на Брејвик починала во 2013 година, а нему не му било дозволено да отиде на нејзиниот погреб и покрај молбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top