| четврток, 6 декември 2018 |

Брејвик ја тужи Норвешка- немал услови за студирање

anders-brejvik-foto-rojters-15-mart-2016-1458031627-864189  Екстремниот десничар Андерс Брејвик кој во 2011 уби 77 луѓе во Норвешка. Денеска се појави на суд, каде ја тужи Норвешка заради повреда на неговите човекови права со држење во изолација скоро пет години. Уште при влегување, тој се поздрави со нацистичкиот поздрав со крената лева рака.

37-годишниот Брејвик се повикува на Европската конвенција за човекови права со која се забранува „нехумано и понижувачко однесување или казнување“ и гарантира право на „приватен и семеен живот “ и коресподенција, пренесуваат медиумите.

anders-brejvik-foto-rojters-15-mart-2016-1458031627-864193Заради безбедносни причини судењето се одвива во затворот  Скиен каде Брејвик ја одслужува казната. Тој по нападот се држи подалеку од општата популација а сите негови контакти со надворешниот свет строго се надгледувани. Го посетуваат исклучиво психолози и полицајци, а електронската пошта му се контролира за да  не воспостави „екстремна мрежа“.

Адвокатот на Брејвик нагласува дека неговиот клиент „пати заради изолацијата“.

-Една од неговите цели во затворот беше да студира политички науки, но заради изолацијата тоа не му успева- тврди адвокатот.

anders-brejvik-foto-rojters-15-mart-2016-1458031627-864191Обвинителството пак, не се согласува бидејќи Брејвик има три ќелии кои му овозможуваат и повеќе од добри услови за живот и студии. Брејвик има ќелија за учење , ќелија за вежбање и ќелија за живот, а има и телевизор, компјутер без пристап на интернет и конзола за видео- игри.

За потсетување, Брејвик во 2011 година на островот Утоја за време на 73 минутен крвав поход уби 69 лица, претежно младинци од лабуристичката партија, а претходно активираше бомба која усмрти осуммина вон  владината зграда во Осло. Една година подоцна осуден е на максимална казна затвор од 21 година која може да се продолжи доколку се процени дека претставува опасност за општеството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top