| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку скопски општини утре без струја

Корисниците од улицата „Киро Фетак“ во населбата Драчево, на потегот кон пругата, утре од 12 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 10 часот без струја ќе бидат и корисниците од општината Центар кои гравитираат во близината на библиотеката „Браќа Миладионовци“, како и дел од корисниците од улиците „Антоние Грубишиќ“, „Дебарца“, „Ѓуро Ѓаковиќ“ и пазарот Буњаковец.

Во периодот од 10 до 14 часот без електрична енергија ќе се и корисниците од улицата „Перо Наков“, кај Либи Метална, од 8:30 до 14:30 часот корисниците од село Ќојлија, а од 8 до 11 часот и корисниците кај железничката станица во Ѓорче Петров.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top