| четврток, 6 декември 2018 |

Дознајте зошто ривалството меѓу браќата и сестрите е штетно за децата

rizalstvo-brat-sestra

Сигурно барем еднаш сте се запрашале, зошто браќата и сестрите обавезно мора да се караат?

Дали моите деца се најлоши кога станува збор за ова прашање?

Кога почнува нетрпеливоста и каде и е крајот?

Двајца се доволно за дружење, но и за карање, така да многу често меѓу деца на блиска возраст се појавува ривалство и караници. Ривалството знае да биде многу фрустрирачко, како за родителите, така и за децата. Децата се лутат, се караат, а родителите го губат трпението и енергијата, обидувајќи се секојдневно сето тоа да го сведат на минимално ниво.

Ривалството помеѓу браќата и сестрите е гњаважа не само за родителите, туку таквите односи се проблем и многу штетни за децата.

Негативните односи меѓу браќата и сестрите се поврзани со агресија, асоцијално и деликветно однесување, покажува истражување на државниот Универзитет во Пенсилванија. Од друга страна, позитивните односи водат кон успех во многу аспекти во животот.

Sibling-Rivalry1

Што би требало да направите за да развиете позитивни односи меѓу децата, ве советува Мег Акабас основач на њујоршката организација „Parenting Solutions“.

Посветете му се на секое дете посебно

Ривалството може значително да се намали, ако му се посветите внимание на секое дете посебно. Ова е важен чекор и не го прескокнувајте, редовно обезбедувајте време за различните интереси на секое дете, било да е тоа возење точак, одење во кино и сл.

Поставете семејни правила

Со дефинирање на правила и јасни очекувања од децата, го поставувате највисокото ниво на почитување меѓу нив. Тоа значи дека несмеат да си се потсмеваат еден на друг, да се тепаат и да користат физичка сила. Ако досега не сте поставиле правила, напишете ги на еден лист и објаснете им на децата што тие значат. Треба да бидете доследни и да ги дефинирате и последиците доколку било кое од децата не ги почитува правилата.

 

3-Postarite-brakja-i-sestri-se-popametni-no-pomladite-pointeresni-www.kafepauza.mk_

Научете ги децата сами да го решаваат проблемот

Многу е важно да им покажете на децата како на мирен начин да ги решаваат проблемите. Децата како и возрасните, ќе имаат разидувања во мислењата и желбите, но многу е важно тоа да не премине во тепачка.

Дајте му прилика на секое дете да ја изрази својата желба и помогнете им да постигнат решение. Кога еднаш децата ќе го научат и применуваат овој модел на решавање на проблемите, нема да има потреба од интервенција на родителите.

Играјте заеднички игри

Воведете активности, хобија и проекти кои ќе ја потикнат кооперативноста меѓу децата. Дури и кога децата не се на блиска возраст или ви се чини дека немаат заеднички интереси, секогаш постои можност за заедничка соработка. На пример изработка на честитки за некого, секое од децата може да допринесе на свој начин во зависнот од талентот и способностите.

Кога децата меѓусебно ќе се однесуваат со почитување и ќе имаат заедничка цел или интерес, тие ќе поминуваат повеќе квалитетно време заедно. Истражувањето покажува дека третина од слободното време детето го поминува со браќата или сестрите, што е многу повеќе отколку со било кој друг, вклучувајќи ги и родителите и пријателите.

Врската меѓу браќата и сестрите е најдолгата врска која ќе ја имаат вашите деца во животот.

kRwZyyk_s9A

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top