| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбено казиното „Астра“

Синоќа во 23.55 часот  на ул. „Б. Јованоски“ во Гостивар во казино „Астра“ едно непознато машко лице кое било во казиното, искористувајќи ја можноста кога вработената била сама во казиното, влегло во делот каде што е касата и откако ја отворило и се уверило дека таа е празна, од отворениот  сеф  одзело 50.000 денари и го напуштило казиното.

По преземени мерки, како можен сторител на кривичното дело е приведен И.С.(27) од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top