Во текот на утрешниот ден ќе има врнежи кои ќе бидат пообилни попладне во јужните и источните делови од земјава, каде што локално се очекува да наврнат од 20 до 30 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на ноќта и в петок наутро на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. В петок ќе дува засилен до силен северен ветер со брзина до 80 километри на час.
За време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.