| четврток, 6 декември 2018 |

Ликовен конкурс за средношколци на тема „Ден на пролетта“

Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје распиша конкурс за најдобра ликовна творба од средношколци на тема „Ден на пролетта“. Делата треба да се пратат во Домот на културата „Кочо Рацин“ (ул. Вељко Влаховиќ 20) најдоцна до 15 март 2015 година.

– Секое од средните училишта во градот може да се претстави со најмногу две творби на учениците избрани од професорите, во техника и формат по избор – соопшти Домот на културата „Кочо Рацин“.

Ликовните творби ќе бидат претставени на изложба што ќе биде отворена на денот на пролетта 21 март, а авторите на најдобрите остварувања ќе добијат пофалници од организаторот на конкурсот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top