Во тек е реализација на проектот за конзервација и реставрација на манастирскиот комплекс „Св. Никола“ во скопското село Љубанци со поддршка од Министерството за култура.
Проектот, чија целосна реализација е планирана за 2016 година, предвидува конзервација и реставрација на конаците на овој комплекс кој датира од 19 век.
Во изминатиот период надлежната установа, Конзерваторски центар – Скопје, заврши неколку активности, меѓу кои и демонтажа на оштетените и дотраени елементи на конакот во манастирот.
– За годинава е предвидено геомеханичко испитување на земјиштето, по што ќе се дефинира основниот проект за конзервација и реставрација на манастирскиот комплекс и ќе започне изведбата на новиот објект. Исто така, иконостасот во црквата, кој е изработен од познатиот мијачки мајстор Дичо Зограф, беше целосно реставриран и конзервиран од надлежната институција. Непосредната заштита и реставрација на стариот конак на овој манастир ќе биде од големо значење и за граѓаните на село Љубанци и на целата општина Бутел, токму поради фактот што тие се доста чести посетители на овој споменик на културата кој е посветен на свети Никола, информира Министерството за култура.
Манастирот „Св. Никола“ во селото Љубанци, сместен на падините на Скопска Црна Гора, е комплекс од градби од 19-ти и 20 век. До 1960 година функционирал како машки манастир, а од 1998 година бил возобновен како женски манастир.
Поради погодноста на планинската клима, за време на Втората светска војна манастирот претставувал воздушна бања за болни од туберкулоза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив