| четврток, 6 декември 2018 |

Нови откритија за аутизмот и за неговото лечење

AutismУниверзитетот „Мек-Гил“ во Канада соопшти дека научниците откриле клучна врска меѓу синтезата на протеините и аутизмот, а дека експериментот за лечење кај глувци бил успешен.

Регулирањето на синтезата на протеините, кое се нарекува и пренасочување на гласничка ДНК, е процес што во клетките создава протеини. Истражувањето кај глувците покажало дека ненормално голема синтеза на одредена група протеини – неврологини во нервните клетки предизвикува симптоми слични на нарушувања од аутистичен спектар АСД. Студијата, исто така, откри дека аутистичното однесување може да се поправи кај постари глувци, со соединенија кои спречуваат синтеза на протеините или, пак, со генетска терапија која дејствува на неврологините.

– Кај глувците клучниот ген кој го контролира почетокот на синтезата на протеините беше уништен – посочува професорот од Осијек Нахум Соненберг за биохемија на „Мек-Гил“.

Кај овие животни се зголемуваше создавањето на неврологини. Неврологините се важни за формирање и регулација на врската т.е. синапса меѓу нервните клетки и мозокот и се клучни за одржување рамнотежа во преносот на информации од неврон до неврон, објасни тој.

АСД во просек погодува едно од 88 лица, без оглед на расата или општествено-економски групи. Речиси е петпати почеста болест кај момчињата отколку кај девојчињата, едно на 54 момче и едно од 252 девојчиња. Вклучува цела низа невроразвојни болести кои влијаат врз три подрачја на однесување – на социјалната интеракција, комуникација и репетитивни интереси или однесување.

– Од откривањето на мутациите на неврологините кај лица со АСД во 2003 година до денес точните молекуларни механизми кои го предизвикуваат останаа непознати – рече водителот на истражувањето Кристос Гкогкас и додаде:

– Нашата работа е прва која ја поврзува транслациската контрола на неврологините со промени во синаптичките функции и аутистичното однесување кај глувци. Клучно е дека успеавме да постигнеме лечење кај возрасни глувци со симптоми на АСД. Употребивме соединенија кои се употребуваа за лечење рак за да ја намалиме синтезата на протеините. За спречување на претерана синтеза на неврологини како возила користевме вируси кои не се размножуваат.

Научниците се надеваат дека во блиска иднина можат да најдат лекови кои би можеле да делуваат на откриените механизми важни за рамнотежа во синтезата на протеините и кај луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top