| четврток, 6 декември 2018 |

Сексфобии кои често ги имаат и двата пола

7-seksfobii-i-na-dvata-pola-290795

И мажите и жените, доживуваат одредени стравови поврзани со сексот, кои обично се разликуваат во зависност од полот. Некои студии сепак потврдуваат дека има и фобии, кои се заеднички.

Погледнете ги седумте најголеми стравови, кои се однесуваат како мажите, така и на жените.

1. Треперење или мускулни грчеви

Лошата форма се одразува и на претставувањето во кревет. Овој физички проблем, може привремено да го прекине уживањето во сексот.

images_statii_zdravje_trikovi-protiv-potenje-st

2. Премногу потење

Потење е нормална реакција на телото, но ниту мажите, ниту жените сакаат тоа да им се случи за време на секс. Загрижени се дека мирисот може да го намали задоволството кај партнерот.

3. Време за постигнување на оргазам

Мажите го достигнуваат брзо, а жените побавно. Затоа првите се плашат дека сексот ќе заврши премногу брзо, а последните дека им треба премногу време. И двата пола сакаат да постигнат оргазам истовремено, но тоа е тешко и е извор на тензии.

4. Видот на задникот

И мажите и жените се опседнати со својот изглед и затоа се загрижени како изгледа нивното тело, кога се голи. Кога станува збор за одреден дел од телото, најважен и за двата пола, дефинитивно е задникот.

collage3

5. Влакнетост

Секој има различен вкус, што се однесува до телесната влакнетост, но кога партнерите не се познаваат добро, мажите се плашат дали се премногу или недоволно влакнести. Кај жените овој проблем се однесува претежно на зоната околу интимните делови.

6. Ненадејна реакции на телото

Телото е подложено на голема физичка напнатост за време на сексот, затоа можат да се случат и ненадејни, но целосно природни телесни реакции, на пример испуштање на гасови. Сепак вакви и слични нешта ги загрижуваат и двата пола.

7. Гримаси и звуци за време на оргазам

Сите се загрижени за тоа каков им е изразот и какви звуци испуштаат за време на оргазмот.Потребата постојано да изгледате идеални, дури и во овој момент, доведува до напнатост.

zena orgazam

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top