Заврши снимањето на краткиот игран филм „Роденден“, во режија и по сценарио на Косара Митиќ. Снимањето на филмот се одвиваше на повеќе локации низ Скопје.
Филмот „Роденден“ е филм за група тинејџери, кои на еден бизарен начин го прославуваат полнолетството на својот другар, нудејќи му предлог што нема да може да го одбие.
Актерската екипа ја сочинуваат Никола Колев, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Силвија Стојановска, Милица Стојанова, Ана Костовска, Сара Климовска и Емил Костовски.
„Роденден“ е во режија на Косара Митиќ, директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Емилија И. Атанасовска, а шминкер е Симона Ристевска.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.