Американскиот телевизиски канал Си-ен-ен направи листа на неколку импресивни галериски случувања годинава кои ако сте во можност посетете ги. Станува збор за изложби на стари мајстори, но и модерни инсталации.
Така, ако патот ве води во Шведска, во Музејот на модерна во Стокхолм до 3 март ќе има изложба на кубистичките ремек-дела на Пабло Пикасо наспроти делата на Марсел Дишамп. Оваа изложба во Стокхолм е наречена според Пикасовата состојба на смртта на Дишамп во 1968 година. Во изложбата се застапени прозорец и тркало од велосипед, двете потпишани од Дишамп, како и „Жената со сина јака“ од Пикасо. Дури и ликовните критичари сметаат дека е опасно да се игра со омразата помеѓу овие двајца титани на уметноста на 20 век.
Во Ливерпул во јуни ќе биде отворена ретроспектива на Марк Шагал во просторот „Тејтс“. Фокусирајќи се на рускиот уметник во времето пред почетокот на Првата светска војна, неговата посета на Берлин во 1914 година и неговото враќање дома за време на револуцијата во 1917 година, оваа изложба се осврнува на влијанијата врз творешштвото на Шагал во минатиот вел, па се до неговата смрт во 1985 година. Изложбата ќе биде отворена до крајот на октомври.
Лондон летово ќе ја има најпосетуваната изложба – ЛС Лори и „Слика на модерниот живот“ е поставка која мора да се види. Слики на начичкани луѓе кои се обидуваат да се пробијат низ индустриските градски пејзажи може и не звучат многу привлечно. Но, Лори бил гениј, вистински мајстор да фати период од англиската историја како никој друг. Ќе ги има класиците како „Враќајки се од училиште“ и „Одејќи на натпревар“. Изложбата ќе биде отворена од јуни до октомври.
Изложбата на големата уметница Фрида Кало во Копенхаген, Данска вклучува дела од нејзиниот сопруг Диего Ривера, како и од други современи мексикански уметници. Шарените слики се навистина импресивни и фрлаат поглед во внатрешната интима на животот на едни од најконтроверзните и политичките фигури на Мексико во последните 100 години.
Во Музејот „Д’орсе“ во Париз има изложба насловена „Ангелот на чудното. Мрачен романтизам“. Оваа поставка е наменета за мрачната страна на романтизмот. Застапени се делата на Франциско Гоја, Макс Ернст, Ежен Делакроа заедно со експресионистичките филмови снимени во 20-те години на минатиот век. Изложбата ќе биде отворена од март до јуни 2013 година.
Во Мадрид, во Музејот на кралицата Софија е домот на најголемото дело на Пикасо, емотивната „Герника“. Во просторот Палата Веласкез во Музејот има ретроспектива на австрискиот уметник Хајмо Цоберинг. Тој излага инсталации, слика, скулптура и видео. Оваа изложба прави се за да ја вклучи во себе и публиката. Изложбата е веќе отворена и ќе трае до 15 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.