| четврток, 6 декември 2018 |

Повик за закуп на државно земјиште во Џумајлија

џумајлија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави повик за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во Џумајлија, со површина од 4.435 хектари. Целта е заинтересираните компании да достават писмо за интерес за инвестирање во земјоделскиот сектор.

Компаниите треба да достават деловен план со износ на вкупните инвестиции, опис на применетите технологии, спецификација на механизацијата и планираниот број вработени по години.

– За да се идентификуваат заинтересирани страни, ги покануваме потенцијалните инвеститори да достават писмо за изразување интерес. Писмото треба да биде доставено до Министерството за земјоделство, во електронска форма, до 22 април годинава – стои во соопштението од МЗШВ.

Писмото за изразување интерес треба да содржи профил на компанијата вклучувајќи сопственичка структура, преглед на финансиски извештаи за последните три години и краток опис на деловниот план.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top