| четврток, 6 декември 2018 |

Голем сеир, Мурињо прашува: Си заминаа ли велемајсторите од ПСЖ (фото)

Реваншниот меч меѓу Челси и ПСЖ на најубав начин ја потврди магијата на Лигата на шампионите, а херојската игра на францускиот состав, кој го елиминира претставникот на Англија иако играше со фудбалер помалку цел еден час и половина, предизвика многу коментари.

Комплименти за начинот на кој Силва, Луиз, Кавани и останатите играчи на ПСЖ се пласираа во четвртфиналето и многу критики за Челси, особено за Жозе Мурињо и за неговата тактика.

Специјалниот не покажа ништо специјално, дури напротив беше комплетно надмудрен од Лоран Блан, кој мајсторски ги предводеше „светците“ од Париз на патот до следната рунда.

Во тој контекст е и фотографијата со која на шеговит начин се опишува што се случуваше во бурните 120 минути во реваншот во Лондон. Мурињо скриен зад завесата прашува: Заминаа ли велемајсторите од Пари Сен-Жермен?

muro

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top