Германска уметница под псевдоним Елон одбра необичен начин за да го промовира феминизмот. Низ цел град Карлсруе залепи хигиенски влошки на кои испишала пораки.
Фотографиите ги постави на „Инстаграм“, а своето дело го реализира на 8 Март, на Светскиот ден на жените. Илјадници луѓе ги споделиле овие фотографии во знак на поддршка на идејата. Нејзината порака е дека феминизмот значи еднаквост, а не омраза кон мажите.
На една од влошките таа напиша: „Замислите кога на мажите силувањето би им било гадно и одвратно колку што им е одвратен месечниот циклус кај жените“.
Жителите на овој град ѝ дадоа поддршка фотографирајќи се покрај нејзините пораки и поставувајќи ги на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






