| четврток, 6 декември 2018 |

Милион евра кеш летна за Кипар

euro-money-e1338822709615Лондон испрати еден милион евра готови пари на Кипар, како мерка која би требало да им помогне на припадниците на британските воени сили, стационирани на островот, да не останат без пари поради тамошната финансиска криза.

Според претставник на британското Министерство за одбрана, парите се „итен заем“ за војниците, офицерите и нивните семејства, во случај локалните банки да ги затворат шалтерите, а од банкарските автомати да не може повеќе да се извлекуваат пари поради кипарската криза која се заканува со целосен банкрот на оваа медитеранска држава.

Готовите пари беа испратена со специјален авион на британското кралско воено воздухопловство (РАФ) и таа веќе се наоѓа во британската база во Акротини.

Ескалација на кипарската финансиска криза настана откако тамошните пратеници го одбија пакетот со помош од ЕУ и од ММФ, од 10 милијарди евра, затоа што се бара вонредно оданочување на штедните влогови и депозитите на луѓето, во кипарските банки. Сите депозити што се поголеми од 20 илјади евра треба да бидат оданочени 6,75 проценти, додека за оние над 100 илјади евра данокот изнесува 9,9 проценти.

На Кипар има три илјади британски војници, а таму постојано живеат околу 25 илјади Британци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top