Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има слаби врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.
Во наредните два дена ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд, на планините со локален слаб снег. Потоа ќе преовладува стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.