| четврток, 6 декември 2018 |

Четворица загинати во пожарот во трговскиот центар во Русија

Најмалку четири лица загинаа, а 36 се повредени денеска при пожар во трговскиот центар „Адмирал“ во рускиот град Казањ, јави ТАСС, повикувајќи се на регионалната канцеларија на руското министерство за вонредни ситуации во главниот град на републиката Татарстан.

Огнот зафатил простор од околу 4.000 метри квадратни, а евакуирани се повеќе од 650 луѓе. Влезот во трговскиот центар бил целосно уништен, а огнот избувнал на првиот кат, каде се запалила продавница со перници.

Зградата на трговскиот центар е делумно урната, а според спасувачките екипи можно е под урнатините да има уште едно лице. Вкупно 14 од повредените се пренесени во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top