Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги растера протестите во Истанбул, кои се одржаа во спомен на момчето кое им подлегна на повредите здобиени од солзавец-граната за време на демонстрациите во 2013 година во Истанбул.
Четиринаесет годишното момче почина по долга кома на 11 март 2014 година, а неговата смрт предизвика протести во цела држава.
На денешната прва годишнина од неговата смрт, на местото каде што Беркин Елван беше повреден, се собраа голем број луѓе, носејќи во рацете фотографии на момчето. Подоцна насобраниот народ тргна кон гробот на Беркин, но полицијата не им дозволи да продолжат натаму. Безбедносните сили употребија солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите.
Полицијата интервенираше и на друг протест во Истанбул, кој се одржа на скалите кои водат кон паркот Гези, каде 10 лица беа уапсени откако истуриле црвена боја врз скалите.
Протести во чест на Беркин Елван се одржаа и во Анкара, каде, исто така, дојде до судир со полицијата, а беа приведени 11 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.