Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени денеска при пожар во трговскиот центар „Адмирал“ во рускиот град Казањ, каде огнот зафатил простор од околу 4.000 метри квадратни, а евакуирани се повеќе од 200 луѓе.
Влезот во трговскиот центар бил целосно уништен, а огнот избувнал на првиот кат, каде се запалила продавница со перници.
Медиумите објавуваат дека во објектот било забележано истекувањена гас, што засега се смета како една од можните причини за инцидентот.
Спасувачките екипи стравуваат дека неколку луѓе, кои не успеале да излезат на време, останале заробени во зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.