| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата заплени речиси 144 килограми марихуана

мари

Полицијата пресече меѓународен канал на недозволена трговија со марихуана, при што пронајде и заплени 143 килограми и 726 грама марихуана и околу 700 грама непозната прашкасата материја, која служи за мешање со хероин. Марихуаната од Албанија преку Македонија требало да заврши на пазарот во Швајцарија.

Запленетата марихуана при продажба на наркопазарот во Швајцарија би достигнала цена приближно 600 илјади евра.

Во акцијата полицијата во скопско Ченто и во село Арачиново, вчера попладнето привела четири лица, македонски државјани, а по едно се трага.

До Основното јавно обивнителство за гонење организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава за 6 лица од Скопје за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што појасни на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, според досегашните сознанија, две од лицата се дел од поголема криминална група инволвирани во извршување активности од областа на недозовлена трговија на марихуана и хероин.

Во „Ченто“, појасни таа, полицијата сопрела и прегледала две патнички возила „голф“ со скопски регистарски таблици и „мерцедес“, со пробни регистарски таблици управувани од двајца скопјани на возраст од 30 и 37 години. Во „голфот“ се пронајдени 65 пакувања во правоаголна форма, додека во „мерцедесот“ при прегледот во багажниот простор се пронајдени 33 пакувања во правоаголна форма.

– Пронајдените 98 пакувања се одземени со потврда, а лицата се лишени од слобода – рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top