| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони не е виновен за случајот „бунга-бунга“

 берлускони

Италијанскиот Касациски суд ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, по обвинението за „злоупотреба на премиерската функција“ со тоа што плаќал за сексуални услуги на проститутки-тинејџерки.

Три пати италијански премиер,Берлускони во 2013 година беше суден за случајот, што дел од медиумите во Италија го нарекоа „бунга-бунга“. Минатата година, второспенеиот суд ја отфрли пресудата и го ослободи Берлускони, објаснувајќи дека сведоците на Обвинителството изнесувале лажни и неточни обвинувања.

Самиот Берлускони (78), како и танчерката Карима ел Махруг, која требаше да биде „крунскиот сведок“ на Обвинителството, тврдеа дека немале никаква сексуална врска.

Обвинителите, меѓутоа, се жалеа на ваквата одлука и бараа ново судење на поранешниот премиер.

Касацискиот суд на Италија, по деветчасовно заседание, на крајот ја отфрли жалбата на Обвинителството и го ослободи Берлускони од ова обвинување, за кое тој уште од почетокот тврдеше дека му е „политички подметнато“ од италијанската левица.

Берлускон сега ќе може одново да и се врати на политиката и да го преземе водството на неговата партија Форца Италија, која уште еднаш станува глвната сила на опозицијата.

Тој, сепак, и натаму се соочува со судски случаи, затоа што обвинителите тврдат дека ги подмитувал сведоците во аферата „бунга-бунга„ како и дека поткупил пратеник за да гласа за политичка одлука во Парламентит, кога Берлускони беше премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top