Во Брисел денеска почнуваат разговори на „техничко ниво“ меѓу претставници на грчката Влада и меѓународните кредитори на земјата, и покрај информациите дека технички тимови од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, претходно познати како „тројка“, утре ќе ја посетат Атина.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, на денешните разговори Грција ќе ја претставува Никос Теохаракис, генерален секретар во Министерството за финансии задолжен за фискална политика. Официјалните претставници на двете страни треба да го разгледаат списокот со предлозите на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.
Во меѓувреме, весникот „Катимерини“ денеска објави дека претставници на т.н. „институции“ утре ќе ја посетат Атина. Владини извори за весникот изјавиле дека тие нема да се сретнат со министри
Друг владин извор пак изјави дека технички тимови можеби ќе дојдат во Атина „некогаш“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



