| четврток, 6 декември 2018 |

СИРИЗА повторно во предност

cipras2СИРИЗА, главната грчка опозициска партија, има предност во најновото истражување , извршено по нарачка на телевизијата „Алфа“.

Според анкетата, СИРИЗА ја има поддршката на 23,4 проценти од граѓаните, а по неа следува владејачката Нова демократија со 22,6 проценти.

На трето место се наоѓа крајнодесничарската партија Златна зора, која освоила 9,7 прооценти од гласовите. Во споредба со претходниот месец, нејзината поддршка е намалена.

Четврта политичка сила, со 5,6 отсто, е социјалистичката ПАСОК, која е дел од коалициската влада на премиерот Андонис Самарас.

На петтата позиција се наоѓа партијата Независни Грци со 5,4 проценти од гласовите на испитаниците, а последен е најмалиот коалициски партнер во грчката влада – Демократска левица со 4,7 проценти поддршка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top