Синоќа на автопатот југоисточно од Париз, од страна на петнадесетина напаѓачи извршен е грабеж на накит во вредност од околу 9 милиони евра, пренесе Франс прес.
Нема жртви, а избеганите крадци ги бараат со помош на воздушната единица на жандармеријата.
Грабежот е извршен околу полноќ по локално време на автопат А6 насока Париз – Лион кај Авалон, на околу 200 километри југоисточно од Париз.
Најспектакуларниот грабеж во последните години во Франција, останува оној на луксузен накит „Хари Винстон“ во Париз. Во 2007 година крадците упаднаа во продавницата, а една година подоцна го повторија грабежот. Нивниот плен изнесува над 100 милиони евра. На извршителите на овој грабеж, во моментов им се суди во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




