| четврток, 6 декември 2018 |

АИ: Жените во Иран се машини за раѓање бебиња

зени

 Предлог-законот за зголемување на наталитетот ги сведува жените во Иран на „машини за раѓање на бебиња“, предупреди денеска „Амнести интерншнл“ (АИ).

Со едни предлози се укинува доброволната стерилизација и промоцијата на контролата на раѓање, а со други им се отежнува на Иранките, кои не се мајки, да се вработат.

Предлог-законот уследи по апелот на врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеј двојно да се зголеми населението на Иранм на 150 милиони во следните 50 години. Но, предлог-законот е и поради стареењето на нацијата и предупредувачките податоци дека стапката на раст на населението би можело да падне на нула.

АИ наведува дека другиот предлог-закон им отежнува на жените да побараат развод бидејќи им се наложува на работодавците приоритет при вработувањето да имаат омажените жени со деца.

– Властите промовираат опасна култура во која на жените им се одземени основните права и се сметаат за машини за раѓање – изјави Хасиба Хаџ Сахрао, заменик-директор на АИ за Блиски ИСток и Северна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top