Единаесет лица, односно четворица американски маринци и седум војници исчезнаа по падот на хеликоптерот за време на воена вежба во американската сојузна држава Флорида.
Како што јавува „Си-би-ес њуз“, воениот хеликоптер ЦХ-60 Блеквок паднал за време на ноќна воена вежба во базата Еглин.
Исчезнувањето е пријавено околу 20,30 часот по локално време, а остатоците од хеликоптерот се пронајдени околу два часот наутро на блиската плажа која е во сопственост на војската. За сега само се претпоставува дека падот е предизвикан од невремето.
– Уште е прерано да се говори за тоа што ја предизвика несреќата, но во текот на ноќта имаше лоши временски услови – изјави Енди Борланд, портпарол на базата Еглин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пет причини за падот на вредноста на турската лира
-
Летав 30 метри – поранешниот голман на Каљари раскажува како го преживеал падот од надвозникот
-
Американски војници повредени кога хеликоптер им го оддувал шаторот
-
По земјотресот во Мексико се урна хеликоптер со мексикански министер, неколкумина мртви