| четврток, 6 декември 2018 |

Жичарницата на вода ќе биде атракција за туристите во Дојран

дојран

Со половина милион евра, добиени од ЕУ – програматана ИПА за прекугранична соработка со Грција, во летната сезона Дојран на туристите ќе им понуди нови содржини, меѓу кои најголема атракција ќе биде првата жичарница на вода во земјата што ќе се гради токму на Дојранско Езеро.

– Изградбата на водниот парк, односно жичарницата на вода е наш приоритет во рамки на проектот „Фејс Дојран“ и се надеваме дека ќе биде готова и ќе ја отвориме во текот на летниот период – рече градоначалникот на Дојран, Борче Стамов.

Тој информира дека проектот вклучува и други активности како обележување велосипедски и пешачки патеки на ридовите над Дојран околу фронтовата линија од Првата светска војна.

Проектот предвидува уште изработка на промотивни материјали, туристички пакети за содржините што се нудат, како и веб-платформа преку која ќе може да се изврши резервација за сместување.

Вкупниот буџет на проектот „Фејс Дојран“ што заедно го реализираат општините Дојран и Кукуш изнесува околу 800.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top