Италијанските медиуми вчера објавија дека Силвио Берлускони 51% од акциите во Милан ги продал на кинески бизнисмен. На фотографијата објавена на романскиот сајт „wowbiz.ro“, Берлускони потпишува договор со По Киу Јинг Ванг Шуо. Наводно оваа фотографија е добиена од страна на поранешната девојка на кинескиот мултимилионер која е Романка.
Ванг Шуо познат како Мр.Пинк е производител на енергетски пијалок кој е многу популарен на повеќе континенти.
Берлускони досега секоја шпекулација за продажба ја демантираше, но овој пат одбива да даде коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.