Помошничката на американскиот државен секретар, Викторија Нуланд вчера рече дека руски тенкови и тешка воена опрема ја преминала украинската граница во последните неколку дена, што претставува кршење на договорот за прекин на огнот потпишан на 12 февруари.
Последните неколку денови, видовме нови трансфери на руски тенкови, оклопни возила, тешка артилерија и ракетна опрема преку границата до проруските сили, рече Нуланд пред надворешно политичкиот одбор на американскиот Сенат на чиј дневен ред беше Украина.
Таа оцени дека на Крим, во источна Украина „владее теророт“ и додаде дека Белата куќа се уште размислува дали со оружје да ја снабди украинската војска.
– Во следните денови, не недели, мораме да видиме дека прекнот на огнот во целост се почитува, изјави помошничката државен секретар.
Ако Украина гради мирољубива демократска и независна нација на 93 проценти од својата територија, Крим и делови од источна Украина патат од владеење на терор. Крим денес останува под илегална окупација, а за многу загрозени групи таму, кршењето на човековите права се правило, а не исклучок, рекла таа.
Според нејзините зборови, тој „монтиран судир контролиран од Кремљ, хранет со руски тенкови и тешко вооружување, финансиран од пари од руските даночни обврзници, чинеше повеќе од 6.000 животи на Украинци, но и повеќе стотини млади Руси кои Кремљ ги испрати таму да се борат и да умрат во војна која нивната влада ја негира“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.