Невозможни се тврдењата на СДСМ дека луѓе се протнувале во изборниот процес и гласале во туѓо име , особено што во избирачките одбори има и луѓе од СДСМ и од другите партии, кои го контролираат процесот. Оваа теза на СДСМ е побиена директно од Андреј Петров, прв секретар на партијата, кој директно раководеше повеќе изборни циклуси, за време на дебатата на „Телма“.
– Тогаш, на наше барање, беше внесено едно решение со кое влегоа луѓе од политичките партии, и покрај тоа што експертската јавност и дел од странците мислеа дека е многу подемократско решение да има само администрација, но тоа е за Шведска или за некоја од понапредните земји. Заради кредибилноста на избирачкиот процес, ние баравме да имаме контролори. Јас искрено не верувам дека е возможно на некој наш контролор да му се протнат на некое гласачко место 100 луѓе што не ги познава и да заокружуваат ливчиња – истакна Петров, со што директно го демантираше Заев дека може некој да го наруши изборниот процес на тој начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Заев за грчки „Еуроњуз”: На Македонија не ѝ се потребни избори