Или Шекеринска нема врска со реалноста или го лаже членството сакајќи да го извади малку СДСМ од бездната во која раководството ја втурна партијата.
Граѓаните не му ја даваат поддршката на социјалдемократскиот сојуз цели 9 години по ред. СДСМ има три пати помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Овие податоци се јавни факти. Ова Шекеринска мора да го знае бидејќи долги години се занимава со политика, а најмногу затоа што самата таа претрпе огромни порази од ВМРО-ДПМНЕ на изборите.
Зборувајќи им на граѓаните дека СДСМ е партија која се грижи за нив, заменик-претседателката на Зоран Заев уште еднаш се пофали дека живее луксузен живот.
-Во моите 40 и кусур години имав шанса да патувам, да живеам куси периоди и во некои други држави, во помали и во поголеми места. Да бидам искрена со љубопитност заминував, а да бидам уште поискрена со голема радост се враќав, рече таа.
Ова големо лицемерие и не е единствено во денешниот говор на Радмила Шекеринска. Таа истакна дека СДСМ нема да нарачува прилози во македонските медиуми, а оваа партија има најмал кредибилитет да зборува за слободата на медиуми во Македонија бидејќи токму во нивно време се направија најголемите злоупотреби на новинари. Јавноста ја памети скандалозна афера која беше наречена „Фабрика“. Тогаш, на неколку метри од зградата на Владата, се пишуваа текстови, се уредуваа вести и се креираше перцепција во интерес на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


