На вчерашната трибина на социјалдемократите, кои „осмата бомба“ решија да ја објават во Универзална сала беа објавени селективни разговори. Тема на „бомбата“ беа изборни нерегуларности, но можеа да се слушнат само муабети кои ништо не докажуваат.
Модераторот имаше задача да даде коментар пред секој објавен разговор, веројатно со цел да даде одредена димензија на разговорот, односно разговорите ги објаснуваше на начин кој му одговара на СДСМ. Водителот разработуваше приказна која им ја сервираше на присутните и се трудеше да ја поткрепи истата со селективни, искреирани и нејасни разговори.
Тоа што тој го најавуваше, во поголемиот дел немаше врска со објавените разговори кои следеа, односно се пуштаа куси реченици кои ништо не објаснуваа.
Наместо како досега, кога „бомбите“ ги најавуваше самиот лидер на опозицијата, сега таа улога му беше доделена на водител. Дали целта беше Заев да се заштити од кривични пријави поради изнесените невистини?!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


