На партиска трибина на СДСМ во Универзална сала опозицијата емитуваше незаконски „креирани“ телефонски разговори кои се наводно во интерес на земјата, а сосема е јасно дека се работи само за пуста желба бескрупулозно и по секоја цена да се преземе власта. И во 8-мата бомба на Зоран Заев, повторно немаше разговори од опозициски функционери за кои опозицијата постојан о тврди дека биле предмет на прислушување.
Во духот на преизборна кампања на говорница се качија пулените на опозицијата Стево Пендаровски, Радмила Шекеринска и се разбира крајот беше резервиран за лидерот Заев кој за надминување на кризата во земјата кои тие самите ја создаваат понуди решение, односно формирање на преодна Влада која би имала мандат да обезбеди услови за спроведување на нови фер и демократски избори. Во неа, според Заев, нема да учествуваат лица кои имаат криминални досиеа. Се заборави ли дека така во владата не би учествувал самиот тој како аболициран за криминал од 8 милиони евра?
Побара да се спроведе и судски процес за случајот прислушување под мониторинг за Меѓународната заедница.
Од говорницата Заев порача дека нема да дозволи дестабилизација во земјата иако јавноста многу добро знае кој во моментот има волја, желба и пред се интерес за такво нешто. Заев најави дека ова не е последна бомба и дека нема да престане се додека граѓаните „не ја дознаат вистината“.
И покрај тоа што 8-мата бомба беше спектакуларно најавувана и се очекуваше масовност од поддржувачите на Заев, сепак освен пополнетата сала со носени граѓани од цела Македонија и во најголем дел од Струмица и неколку стотини партиски активисти кои прес-конференцијата ја следеа пред Универзална се покажа дека народот сепак и верува на една друга вистина и дека Заев што и да направи очигледно е дека е далеку од подобра алтернатива за Никола Груевски.
Во најголемиот дел од креираните разговори, повторно беа прикажани разговори за некаков изборен фалсификат, како за кражба на изборен материјал, фалсификување на лични карти, распределување на гласачи по општини…
И на оваа трибина гласноговорниците кои стојат зад јавното објавување на приватни монтирани разговори кои што пред се е кривично дело, не заборавија да напоменат дека сето ова што го прават и да ја сменат моменталната власт имаат поддршка од надвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.