| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го допре дното со закани, сака без понуда да дојде на власт

stevce-jakimovskiПоранешниот сопартиец на Зоран Заев, Стевчо Јакимовски му посочи на Зоран Заев дека од ништо не се плаши, ниту од снимките, ниту од нешто друго што тие имаат за него. Јакимовски оцени дека СДСМ го допрела дното

-Сакам да им порачам дека ниту се плашам, ниту било што имаат и прават незаконити дејствија со кои плашат 20.000 граѓани во Република Македонија. Јас не сум еден од тие што е уплашен од нивните снимки, вели Јакимовски, кој оцени дека изворот на информациите, односно Зоран Заев, иако вели дека само Мијалков и Груевски не се прислушувани, секој ден ние слушаме снимки од нив двајца.

-Постојано имаме лавирање на информациите кои ги дава оној кој го соопштува овој материјал. Апсолутно не постои консеквентност и не постои една кредибилност на оној кој ги соопштува овие информации. Замислете вака- СДСМ 6 месеци вели дека нема да влезе во Парламент, 6 месеци најавува дека ќе фрли бомба. Сега 2 месеци објавува бомба и сака да дојде на власт без политичка програма, без економска програма, без било каква понуда кон граѓаните на Република Македонија. Јас сум длабоко убеден дека тоа не ќе може да се оствари. Убеден сум дека граѓаните ќе ги препознаат ваквите намери и ќе ги верификуваат соодветно тогаш кога ќе треба, истакна градоначалникот на Карпош.

Околу тоа дали очекува Заев да објави разговори и од него, Јакимовски вели дека од СДСМ ништо не може да го изненади.

-Тие дното го допреа со тоа што ми поставија пред мојата врата венец со запалена свеќа и црн повез на кој пишуваше „Почивај во мир Стевче“. На секоја тараба пишуваа недолична содржина, му се закануваа на моето семејство, облекуваа кучиња со мои маици. Ништо од нив не може да ме изненади.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top